logo
logo
logo

НИКОЛОВ ДО МЕДИЦИНСКИТЕ ДИРЕКТОРИ: Не потпишувајте за стерилизацијата, влегувате во криминалните шеми на Филипче и Заев!

Vecer | 28.02.2021

НИКОЛОВ ДО МЕДИЦИНСКИТЕ ДИРЕКТОРИ: Не потпишувајте за стерилизацијата, влегувате во криминалните шеми на Филипче и Заев!

Додека се обидуваат да ја анимираат и манипулираат јавноста со датум за вакцини, надлежните продолжуваат и понатаму со проекти и договори со кои штетно го демонтираат и приватизираат јавното здравство во Македонија.

Наместо реорганизарање на здравствениот систем за да одговори соодветно на корона пандемијата, Филипче и Заев ставиле акцент на демонтирање и распродажба на јавното здравство. Оттука, јасно е зошто нема вакцини, фокусот им е кон демонтирање на јавното здравство, изјави на денешната прес конференција Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

– Што направи Владата во сегментот на стерилизацијата? Најдоа компанија која ќе ја врши стерилизацијата во јавните здравствени установи ширум државава, на директорите им доставија модел договор за потпишување. Или директорите ги ставија пред свршен чин.

Јавно ги прашуваме организациските и медицинските директори:

Дали со договорот кој што ве тераат да го потпишете и ве уценуваат, за да си ги зачувате работните места, буџетот кој се троши за стерилизација во јавните здравствени установи ќе биде 10 пати поголем од оној што се троши до сега?

Кои се предностите од овој договор за стерилизација, има ли воопшто предности? Ги знаете ли деталите на договорот?

На годишно ниво за една болница во Македонија тоа би изгледало отприлика вака. Доколку таа во 2020 година трошела три милиони и двесте илјади денари, според новиот договор истата болница ќе троши 76 милиони денари годишно.

Можеби најважен дел, од ова криминално јавно-приватно партнерство, е што Фондот за здравствено осигурување, предвидено е да одобрува условен буџет за секоја јавна здравствена установа. Со истиот ексклузивно ќе се плаќаат услугите на приватниот партнер.

Со ова практично ќе му се овозможува редовна и непречена наплата на приватниот партнер, но, не и на останатите компании. Со ова останатите економски оператори кои испорачуваат стоки и услуги за клиниките, се ставаат во подредена и крајно неповолна положба, истакна тој.

Николов апрелира до менаџерите на јавните здравствени установи да не ги потпишуваат овие договори, без притоа, до детаљ да бидат запознаени што добиваат со истите.

– Ќе дојде време на одговорност, и одговорноста ќе остане за тие што ги потпишале договорите. Едноставно е, не влегувајте во криминалните активности на Владата предводена од Зоран Заев, посочи тој.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk