Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски преку видео од свое гостување на телевизија Сител уште еднаш потенцираше да се одложи пописот кој треба да започне идната недела во земјава.
-Денес 4 инструктори на попишувачи се позитивни на корона. Им посакувам добро здравје и брзо закрепнување.
На ова ПРЕДУПРЕДУВАВМЕ. Веројатноста СИТЕ попишувачи да бидат позитивни во текот на пописот е огромна. Тие ќе го шират вирусот. Затоа ОДЛАГАЊЕ НА ПОПИСОТ ВЕДНАШ, стои во неговиот пост на Фејсбук.