logo
logo
logo

Николоски со Пленковиќ и Капели: Македонија заслужува да почне преговори со ЕУ, да запре блокадата на Бугарија

Vecer | 12.05.2022

Николоски со Пленковиќ и Капели: Македонија заслужува да почне преговори со ЕУ, да запре блокадата на Бугарија

Во рамки на посетата на Загреб, денеска имав средби со премиерот на Република Хрватска, господинот Андреј Пленковиќ и со претседателот на Комитетот за надворешни работи на хрватскиот Сабор, господинот Гари Капели. На средбите го поздравив огромното пријателство коешто го имаат Македонија и Хрватска, како и одличните билатерални односи, порача од Загреб Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

 

- Побарав Македонија да добие датум за почеток на преговори, затоа што тоа го заслужуваат македонските граѓани. Во исто време информирав и за политичката ситуација во Македонија и за активната блокада која што ја спроведува ВМРО-ДПМНЕ, како пат до предвремени избори. ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ се сестрински партии и затоа ВМРО-ДПМНЕ точно образложи што правиме во рамки на Собранието и која е нашата цел. Нашата цел е дијалог и брзи предвремени парламентарни избори на коишто народот ќе може да го каже сопственото мислење. Исто така, во рамки на настанот којшто го организираат пријателите на Европа за 40 највлијателни личности под 40 години, имаме бројни средби кои се одржуваат во следните три дена каде што највлијателните  40 луѓе од Европа ќе дискутираат за заедничката визија и проспекти кои можат да дојдат во Европа.

 Тука, пред се, планирам да ги отворам прашањата кои се битни за Македонија, пред се во делот на економскиот развој, на соработката и на добриот напредок и борбата со корупцијата, нешто што посебно ја погодува Македонија, рече Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk