logo
logo
logo

Николоски прв Македонец што оценува друга држава

Vecer | 27.09.2023

Николоски прв Македонец што оценува друга држава

Деновиве во функција на известител определен од Мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, учествувам во мисија за утврдување на фактите во Босна и Херцеговина, напиша на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Ова е првпат член на македонската Делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа во функција на известител да учествува во мониторинг мисија и да известува за напредокот на друга држава. По посетата ќе изготвиме извештај за напредокот на државата, кој прво ќе биде претставен пред членовите на Мониторинг комисијата, а потоа, заедно со препораките за идните чекори прво ќе биде предмет на дебата на пленарна седница, а потоа ќе следи гласање за текстот, кој ќе ја претставува заедничката позиција на Парламентарното собрание на Советот на Европа, истакна Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk