logo
logo
logo

Николоски: Покрај Бугарија, ПРЕЧКА ЗА ЕУ Е КОРУПЦИЈАТА НА ВЛАСТА

Vecer | 13.05.2021

Николоски: Покрај Бугарија, ПРЕЧКА ЗА ЕУ Е КОРУПЦИЈАТА НА ВЛАСТА

Покрај проблемот со Бугарија, зошто Македонија нема да добие датум за преговори за членство со ЕУ, е тоа што голем број на земји членки на ЕУ не се убедени дека Македонија треба да започне преговори бидејќи сметаат дека земјава не е подготвена во делот со борбата против корупцијата, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, за Клик Плус на Тв 21.

Според Николоски тоа е еднакво проблематично колку Бугарија затоа што не е единствена одлука која што се носи во ЕУ таа за проширување со консензус, на годишно ниво, десетина, стотици  одлуки се носат со консензус, така функционира ЕУ.

- Доколку сите земји челнки на ЕУ се убедени дека Македонија треба да почне преговори за членство ќе и речат на Бугарија видете ако правите проблем со Македонија  ние ќе ви направиме проблем на десет други одлуки каде што вие имате интерес, ама тоа не и го велат затоа што не се убедени. Ова се двете причини  зошто Македонија оваа година нема да добие датум за преговори. За ова е одговорен целосно Зоран Заев, рече Николоски.

Тој додаде дека  Бугарија нема влада, а на 11 јули ќе има пак избори на кои се очекува сличен исход, а во декември претседателски,  што значи дека оваа година датумот е изгубен, истакна Александар Николоски.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk