logo
logo
logo

Николоски: Оваа Влада нема долго да трае, потребни се предвремени парламентарни избори

Vecer | 08.12.2021

Николоски: Оваа Влада нема долго да трае, потребни се предвремени парламентарни избори

Нивните ставови се онакви како што ние ќе ја завршиме домашната задача. Мора да сме фер и да ги слушаме до крај. Постои загриженост за владеење на правото, корупцијата, економската состојба, изјави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, во вестите на Сител ТВ, по однос на прашањето за одлуката за добивање датум за преговори со ЕУ.
Јас немам средба на која не ме прашуваат за мислење  по однос на овие порашања.  Почетокот на преговори зависи од Македонија. Да немаше во Македонија мешање во судството, да немаше корупција, да имаше подобра економија, ќе беше поинаку, но на  многумина им одговара ова што го прави Бугарија  со цел тие да не бидат криви, изјави Николоски.
Мислам, вели Николоски,  дека несериозно е веќе да се коментираат несериозни изјави. Од јуни 2018 Заев добива датум за преговори, додека добива датум за преговори, негови луѓе добиваат дозвола да градат фотоволтаици и тие се контроверзни ликови, вели Николоски. Во однос на ново парламентарно мнозинство, ако Кастиот  Реџепи доби понуда олово или сребр , со сребро ја завршија работата. Ова е се само не политичка принципиелност, како може да се потпише, па  наредниот ден да не се појави.. Го снема човекот, па се појави после 4 дена. Ова е полошо од најлошиот пазар.
Ние како ВМРО бараме да добиеме датум за преговори, мисиме дека Макеоднија и граѓаните  заслужуваат датум и се уште се надевам дека чудо може да се случи. Ама се лаже народот дека се зголемува парламентарното мнозинството заради добивање датум е голема лага. Долго оваа влада нема да трае. Предвремени парламентарни избори  се барање на ВМРО ДПМНЕ  и желба на две третини од народот.  Македонија е во тешка политилчка криза.  Скоро година дена имаме разговори со бројни пратеници и тоа незадоволство трае година дена, и созреано е чувството  дека бродот тоне. Македонија  е во енергетска криза, не може до маркет да отидат заради немаштијата. Тоа се случува кај мнозинство кај граѓаните, изјави Николоски.
 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk