logo
logo
logo

Николоски од Стразбур: Ќе се борам за Македонците и македонскиот јазик во ПС на Совет на Европа

Vecer | 21.06.2021

Николоски од Стразбур: Ќе се борам за Македонците и македонскиот јазик во ПС на Совет на Европа

-Повторно во Стразбур. Од денес се враќам во ПС на Совет на Европа. После 4 години што заради тоа што решив да не се кандидирам на изборите во декември 2016, што заради корона кризата, повторно сум во Стразбур со огромна чест да ја претставувам Македонија во најголемата парламентарна асамблеа во Европа, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Николоски вели дека како и во минатото така и сега најавува дека ќе се бори за македонските национални интереси, како и заштита на човековите права на Македонците во Грција, Албанија и Бугарија.

- Во Советот на Европа стигнав до највисоката позиција што било кој македонски пратеник ја имал – бев 2 години Потпретседател и за прв пат од основањето на Советот на Европа во 1949 година од местото на претседавач се слушна македонскиот јазик, рече Николоски

Тој потенцираше дека имал чест да се обрати и претседава на македонски јазик.

- Продолжувам во нови предизвици, ќе се борам со цело срце за Македонците, македонскиот јазик и човековите правдини на секое доаѓање во Стразбур и во ПС на Совет на Европа, пишува Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk