logo
logo
logo

Николоски: Луѓето осудени за настаните од 27-ми април не се терористи, тоа беше директна освета на Зоран Заев

Vecer | 07.05.2021

Николоски: Луѓето осудени за настаните од 27-ми април не се терористи, тоа беше директна освета на Зоран Заев

Во вечерашното издание на дебатната емисија "Само интервју" на Канал 5 телевизија гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој се осврна на моменталната политичка ситуација во земјата, судските одлуки за 27-ми април, лошите владини политики, како и на криминалните афери кои власта ги креира на дневно ниво.

Николоски потенцираше дека судските процеси и одлуките кои биле донесени во однос на настаните на 27-ми април биле неправедни и за голем дел од судските одлуки треба да има преквалификација на делото. Тој додава дека тие луѓе не може по ниеден основ да бидат терористи, бидејќи тероризам е сериозно дело.

Според Николоски, судските одлуки биле под притисок на власта, поточно од страна на Зоран Заев. Николоски смета дека за голем дел од пресудите вмешана беше власта, односно тоа беше директна освета од страна на Зоран Заев, наместо случаите да ги решава судот онака како што навистина треба.

Настаните од 27-ми април беа иницирани и испровоцирани од тогашното парламентарно мнозинство кое што насилно ги туркаше точките на дневен ред во Собранието, а истовремено тој ден се пееше и туѓа химна во истото тоа Собрание. Власта знаеше дека во истиот момент има надвор толпа луѓе која што веќе седумдесетина дена протестираше и при тоа не направи никаков инцидент, но тогаш ја потпалија толпата со случувањата во Собранието и тоа беше иницијалната каписла за се понатака, додава Николоски.

Насилството не треба да се премолчи, ниту пак да се премижи на тој настан, но ВМРО-ДПМНЕ бара за многу од случаите да се оди на преквалификација на делото. ВМРО-ДПМНЕ не бара амнестија, туку бара отварање и нови процеси и разгледување на случаите далеку посоодветно. Драконските казни преку кои Зоран Заев се ситеше и се осветуваше на голем број семејства, не смеат да продолжат, бидејќи и не беа реални, заврши Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk