logo
logo
logo

Николоски и Ѓорчев на онлајн конференција во организација на пратеничката група на ЦДУ-ЦСУ

Vecer | 05.05.2021

Николоски и Ѓорчев на онлајн конференција во организација на пратеничката група на ЦДУ-ЦСУ


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и меѓународниот секретар и член на ИК Владимир Ѓорчев ја следеа онлајн конференцијата во организација на пратеничката група на ЦДУ-ЦСУ насловена како „Зацврстување на Трансатлантското партнерство ориентирано кон иднината“, известуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според писмениот допис од оваа партија на конференцијата се разговарало за зацврстување на соработката помеѓу Европа и САД и биле презентирани размислувања за иднината на трансатлантското партнерство со САД како земја партнер на земјите од Европа. На конференцијата се дискутирало и биле донесени заклучоци за иднината на партнерството во наредните четири години и методите преку којшто ќе се зацврсти соработката во иднината.

Онлајн конференцијата беше отворена од канцеларката Ангела Меркел, Ралф Бинкхаус координатор на пратеничката група на ЦДУ-ЦСУ како и заменик координаторот на пратеничката група Јохан Давид Вадефул.

На онлајн конференцијата учество зедоа и Хедер Конли, потпретседател и директор на програмата за Европа, Русија и Евро – Азија на Центарот за стратегиски и меѓународни студии, Јурген Хард портпарол за надворешна политика на пратеничката група на ЦДУ-ЦСУ и Петер Бејер координатор за трансатлантска соработка во Федералното министерство за надворешни работи, планирано е и обраќање на пратеникот на ЦДУ Рејнхард Брандл кој е претседател на работната група за надворешна политика и одбрана во Бундестагот.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk