Автопати, водоводи, канализации… ова се само дел од капиталните инвестиции кои ќе ги реализира владата, вели премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Тутунски комбинат АД Прилеп.
-Ние сме фокусирани на вистински капитални инвестиции. Тоа го гледате и во општините и на терен, скоро бевме тука како би ја отпочнале реализацијата за Коридорот 10д, кој автопатски ќе ги поврзе Прилеп и Битола. На почетокот имавме дилема кој пат да го фатиме. Првиот пат беше да излеземе од тој проект, а со тоа македонските граѓани да плаќаат стотици илјади евра пенали поради катастрофалниот договор на претходната влада. Или второто беше да работиме и да го забрзаме процесот и што побрзо да се реализира. Ние одлучивме второто да го направиме, бидејќи сакаме да имаме автопати, тие се дел од нашата програма и бевме свесни дека мора два пати повеќе да работиме за да можеме да ја стигнеме динамиката, да го надоместиме тоа кое беше испуштено до претходната влада, додаде премиерот
-Сега веќе се работи на две секции од четирите, третата се подготвува, за четвртата Требениште-Ќафасан имаме проблеми, бидејќи дел од делницата е во периметар кој е заштитен од УНЕСКО, дел е во приватни парцели, работиме и на тоа. Не работиме двапати побрзи чекори, направивме 4 пати побрзи чекори. На потегот од Прилеп до Битола од 1200, 1300 парцели- 850 веќе се решени, очекувам и другите. Армијата работи на деминирање, така што сите капитални инвестиции се реализираат и за следната година во буџетот се предвидени околу 50,5 милијарди денари.
Мицкоски подвлече дека за разлика од претходно, сега има вистински реални капитални инвестиции и обзнани еден податок.
-До 24 јуни буџетскиот дефицит и реализираните капиталн иинвестиции беа 3:1, 18 милијарди на 6 милијарди, заклучно со октомври буџетскиот дефицит е под 24 милијарди, а капиталните инвестиции се околу 19 милијарди. До крајот на годината би требало да се спојат.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата