НЕВРЕМЕ ВО ДЕЛЧЕВО – градот под вода

Големо невреме, проследено со пороен дожд и град, попладнево го зафати Делчево. Под вода се многу од улиците во ниските делови од градот, а според Центарот за управување со кризи до сега има пријавено 10 поплавени објекти.
Во дел од делчевските населби во прекин е снабдувањето со електрична енергија.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека екипи од ТППЕ Делчево се излезени на терен и интервенираат со две возила и петмина пожарникари, заедно со екипи на јавното комунално претпријатие.