logo
logo
logo

Сообраќајна несреќа кај Бачка Топола - ИМА ПОВРЕДЕНИ ЛИЦА СО ПОТЕКЛО ОД МАКЕДОНИЈА, со белгиско државјанство

Vecer | 23.07.2021

Сообраќајна несреќа кај Бачка Топола - ИМА ПОВРЕДЕНИ ЛИЦА СО ПОТЕКЛО ОД МАКЕДОНИЈА, со белгиско државјанство

Tешка сообраќајна несреќа се случила на автопатот Суботица - Нови Сад  во близина на Бачка Топола во која учествувале две патнички возила, а дури девет лица се повредени, јавуваат српските медиуми.

Од полициското одделение Суботица велат дека девет повредени лица, учесници во сообраќајната несреќа, со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болниците во Врбас и Суботица.

Судирот на две возила се случил на иста сообраќајна лента кога едно од возилата, веројатно поради неприлагодена брзина, удрило во задниот десен дел од другиот автомобил. По судирот, едно возило се превртело и запрело покрај автопатот.

Истрагата е во тек, а сообраќајот е забавен, но немало прекини во движењето на возилата. Возилата се движат по левата лента.

Македонски државјани меѓу повредените

РТВ јавува дека несреќата се случила кога возачот на патнички автомобил БМВ со британски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото поради неприлагодена брзина и густ сообраќај и удрил во задниот дел на „опел зафира“ со белгиски регистарски ознаки, кој бил запрен на лентата за застанување поради дефект.

Како што беше кажано за РТВ во Општата болница во Суботица, шест учесници во несреќата, родители со четири деца, државјани на Белгија со потекло од Македонија, биле пренесени во оваа институција.

Децата и нивниот татко се полесно повредени, додека мајката е потешко повредена, се здобила со фрактура на карлицата.

Откако заврши истрагата, како што беше соопштено од Патиштата на Србија, сообраќајот на оваа делница од автопатот беше нормализиран.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk