logo
logo
logo

Професор Атанасовски

НЕМАЛО БУГАРИ меѓу Софија и Солун во времето кога се родени Кирил и Методиј (ВИДЕО)

Vecer | 16.08.2022

НЕМАЛО БУГАРИ меѓу Софија и Солун во времето кога се родени Кирил и Методиј (ВИДЕО)

Комисијата за историја и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија вчера излезе со препораки и што се прифатиле досега. Спакувано под „заедничко чествување“ на средновековните личности, комисијата ги прифатила бугарските тези дека Цар Самоил бил цар на Бугарско царство, а Кирил и Методиј дека твореле во средновековна Бугарија.

„Делото на Св. Кирил и Методиј е сочувано и развивано во книжевните центри Преслав и Охрид, кои тогаш се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава, каде што нивните ученици наоѓаат услови за работа“ стои во препораката.

Колку е ова далеку од реалноста и од вистината, може да видиме од една поодамнешна изјава од Александар Атанасовски професор по предметот Историја Средновековна Македонија на Институтот по историја на Филозофски факултет.

Атанасовски вели дека иако датумот на раѓање на Методиј сè уште не е точно утврден – историчарите го датираат од 810 до 825 година – а за Кирил е утврдено дека е роден во 827 година, при што и двајцата се родени во Солун.

- Знаете ли каде биле Бугарите тогаш? Во 814/15 година потпишан е 30 годишен мир меѓу Визнатија и Бугарија, при што на Бугарија ѝ е отстапена само Сердика, денешна Софија, а грабицата е северно над Витоша. Јужно од Софија – Бугари НЕМА! Како тогаш овие што се родие во Солун во 810 или 825 година се Бугари? – вели тој.

Тој додава дека Бугарите продреле до Солун дури некаде во 904 година.

Во времето на Борис тие продреа некаде до Беласица, по која оди границата меѓу Византија и Бугарија во тоа време, кај Костур слегува малку јужно и излегува на албанското крајбрежје – зборувам за договорот меѓу Византија и Бугарија од 864 г. Но, во тоа време, Кирил и Методиј се во Моравија и тие дејствуваат против Бугарија, бидејќи Бугарија била во сојуз со Германија. А тие во Моравија ги штитат интересите на Византија и ги поддржуваат Моравците да се спречи воениот сојуз меѓу Бугарија и Германија, потенцира Атанасовски.

- Значи луѓе кои што работеле против Бугарија, Бугарите сега ги присвојуваат за свои, објаснува тој.

https://youtu.be/g18jfPkCokY

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk