logo
logo
logo

НЕМА ПОВЕЌЕ СЕДИ ДОМА И ЗЕМАЈ ПЛАТА, администрацијата ќе биде сервис на граѓаните

Vecer | 01.04.2025

НЕМА ПОВЕЌЕ СЕДИ ДОМА И ЗЕМАЈ ПЛАТА, администрацијата ќе биде сервис на граѓаните

Јавната администрација не е само механизам за спроведување на законите и политиките, таа е лицето на државата, одраз на нејзината ефикасност и посветеност кон граѓаните. Колку е подобро организирана, толку побрзо и поквалитетно ќе ги испорачува услугите. За жал, во изминатите години сведочевме на слабости, партизираност, неефикасност, недоволна компетентност на одредени кадри. Сега е време за промени, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски на втората седница на Советот за реформа на јавната администрација.

Како што информира владината прес-служба, Мицкоски истакнал дека нема веќе седење дома и земање плати и најавил дека Владата ќе се фокусира на одредени елементи во јавната администрација да ја направи поефикасна.

– Можам да соопштам дека нема повеќе луѓе кои седат дома и земаат плата. Се бориме за систем на заслуги наместо партиски влијанија. Професионалната администрација подразбира дека вработувањата и унапредувањата се засноваат на знаење, вештини и резултати, а не на политички или лични врски. Воведување транспарентни критериуми за селекција, тестирање и континуирана евалуација ќе гарантира дека само најдобрите ќе бидат дел од институциите. Континуирана обука и развој, светот се менува брзо, а со него и предизвиците во јавниот сектор. Затоа, нашите службеници мора постојано да се усовршуваат. Ќе обезбедиме програми за обука, размена на искуства со напредни администрации и воведување на најдобрите меѓународни практики, нагласи Мицкоски.

Премиерот најави зајакнување на етичката свест и механизмите за отчетност на администрацијата кон граѓаните.

– Дигитализација за поголема ефикасност е многу значајна. Современата јавна администрација мора да биде технолошки напредна. Ќе инвестираме во дигитални алатки кои ќе го намалат времето на обработка на барањата, ќе ги елиминираат непотребните чекори и ќе ја зголемат ефикасноста. Квалитетната администрација бара мотивирани и задоволни службеници. Тоа значи подобри работни услови, фер плати и можности за напредување врз основа на реални заслуги, рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека јавната администрација е сервис за граѓаните и дека реформата мора да се спроведе ако сакаме европска држава.

– Ова не е промена што се случува преку ноќ, но е реформа што мора да ја спроведеме доколку сакаме модерна, европска држава. Јавната администрација мора да биде сервис за граѓаните, а не институција што ја кочи државата. Време е да создадеме систем во кој професионалците ќе ја движат администрацијата напред, порача Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk