logo
logo
logo

Неделава ќе биде забрзан процесот на имунизација, најавува Филипче

Vecer | 27.06.2021

Неделава ќе биде забрзан процесот на имунизација, најавува Филипче

Благодарение на денешната пратка на вакцини, веќе во текот на наредната недела значително ќе се забрза процесот на вакцинација на територијата на целата држава, напиша попладнево министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил.

– Благодарност до кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо и на пријателската Кина, со чијашто помош успеавме да ги обезбедиме овие вакцини и денеска да ги добиеме во нашата држава, се вели во статусот на Фејсбук.

Во земјава со два авиони пристигнаа 500.000 вакцини од кинескиот производител „Синовак“. Тие, како што соопшти Министерството за здравство, ќе бидат соодветно складирани во Поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина по што ќе бидат дистрибуирани до пунктовите низ државата согласно закажаните термини за вакцинација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk