На 24.12.2024 во 23.50 часот на локалниот пат с.Идризово,скопско–клучка кај с.Кадино,скопско, полициски службеници од МЕБПС го лишиле од слобода Д.П.(48) од с.Мралино, скопско, затоа што при вршење на контрола од страна на полициските службеници му било дадено знак за да застане со возилото кое го управувал, но тој не застанал туку продолжил со движење и удрил еден од полициските службеници, по што застанал и продолжил со агресивно однесување.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата