Мицкоски до опозицијата

„НЕ СМЕ НА ДНОТО, ТУКУ ПРЕД РЕГИОНОТ“ - „Извештајот на Евростат ги руши вашите тврдења“

Vecer | 06.08.2026

„НЕ СМЕ НА ДНОТО, ТУКУ ПРЕД РЕГИОНОТ“ - „Извештајот на Евростат ги руши вашите тврдења“
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Најновиот извештај на Евростат за куповната моќ го отвори новото политичко препукување меѓу власта и опозицијата. Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека податоците ја демантираат опозицијата, тврдејќи дека Македонија не е на дното на европската листа, туку е пред сите земји од регионот и пред неколку членки на Европската Унија.

„Македонија не е најслаба, туку е подобра од неколку земји од Европската Унија и пред сите земји од регионот кога станува збор за куповната моќ на граѓаните“, изјави премиерот.

Тој додаде дека според него е видлив напредокот во однос на состојбата од пред три до четири години, но нагласи дека Владата не е задоволна со постигнатото и ќе продолжи да работи на подобрување на животниот стандард.

„Ако тоа се спореди со бројките од пред три-четири години, може да се забележи значаен напредок. Дали е тоа доволно? Не е. Ќе продолжиме уште повеќе и уште подобро да работиме за граѓаните и за државата“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека, според него, опозицијата ќе продолжи со, како што кажа, „конструкции и лаги“, додека Владата ќе остане фокусирана на реализација на своите политики и економскиот развој на земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk