logo
logo
logo

Не ни оди шефе, дај ако не да се заканиме со војна?!

Vecer | 02.07.2022

Не ни оди шефе, дај ако не да се заканиме со војна?!

Секогаш е вака кога народот не ги прифаќа политиките на ДУИ кои се насочени директно против државните интереси, зачинети со многу корупција и огромна политичка бруталост.
-Овој е добар предлог, кој ни го отвора патот да го фатиме возот кон ЕУ. Ако не почнеме, Албанија ќе почне со преговори, Бугарија ќе оди на избори, ова прашање ќе заглави, ние ќе влегуваме во кризи, ќе бегаат луѓето од овде. Ако кажеме не, ако Албанија ги почне преговорите, верувајте илјадници ќе заминат од државата, ќе почнат тензии меѓуетнички, ќе ја имаме најголемата криза со храна и енергија. – рече Османи.
На протестот против францускиот предлог, на кој излегоа повеќе од 120 илјади граѓани, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ му порача на Бујар Османи дека е кукавица која се заканува со меѓуетнички тензии. Ќе му се исплашиме ли на Османи?

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk