Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски во 24 анализа рече дека, треба да и се даде простор на власта да работи на борбата против криминалот и корупцијата.
Според него, не може тоа што е заглавено 30 години да се реши за 9 месеци.
„Не можеме она што е 30 години заглавено да го решиме за 9 месеци. Граѓаните после изброи даваат период за власат да се покаже. Поминаа 9 месеци претпоставувам дека трпеливоста на граѓаните ќе биде уште 9 месеци. После година ипол до две од владеењето мора да се покажат резултати или некои процеси кои се со цел да се постигнат резултаати. Тоа е работа на тие што сме ги избрале. Тие процеси не може да се веднаш видливи. Доколку за 9 месеци од сега тие процеси не се видливи, трпението на граѓаните ќе се намали. Имавме и 2017 година ветувања за реформи во судството, не се сличу ништо па се промени власта. Според сите истражувања примарен фокус на граѓаните не е економијата туку е борбата со криминалот и корупцијата. Не е нешто кое може да се заборави. Нормално не може да се случи за месец или два, но како шо ќе се приближува половина од мандатот тие процеси ќе бидат видливи“, рече Божиновски.
Тој објасни и дека се потребни реформи во судството за да може државата да се справува со криминал и корупција.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата