logo
logo
logo

НЕ ДОАЃА ПАМЕТ: ПИЈАН ВОЗЕЛ СО 3,05 ПРОМИЛИ, полицијата го приведе

Vecer | 23.05.2025

НЕ ДОАЃА ПАМЕТ: ПИЈАН ВОЗЕЛ СО 3,05  ПРОМИЛИ, полицијата го приведе

На 23.05.2025 во 04.00 часот на улица „Дисанска“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода А.М.(35) од село Глишиќ, кавадаречко. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,05 промили алкохол во крвта.

А.М. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk