logo
logo
logo

НЕ БИЛ ПРИЈАВЕН: Автобусот на „Беса Транс“ не е во базата на податоци на Министерството за транспорт

Vecer | 23.11.2021

НЕ БИЛ ПРИЈАВЕН: Автобусот на „Беса Транс“ не е во базата на податоци на Министерството за транспорт

Автобусот на „Беса Транс“ во кој во вторникот загинаа 45 луѓе на автопатот во Бугарија, не бил пријавен кај надлежните институции во земјата, дознава Дојче веле.

Во Министерството за транспорт и врски се уште е во тек анализата на документацијата на превозникот „Беса Транс“, на неговите автобуси како и на пријавените професионални возачи. Досегашните податоци покажуваат дека опожарениот автобус воопшто не бил пријавен од страна на сопственикот и не фигурира во системот на Министерството. Сопственикот на агенцијата не извадил извод за лиценца на тоа возило, а автобусот воопшто не е во базата на податоците на Министерството.

Сѐ уште се проверува дали двајцата возачи кои управувале во автобусот имале сертификат и дали биле пријавени од страна на сопственикот на агенцијата. Постапката ја отежнува фактот што сѐ уште не се познати имињата на сите загинати во трагедијата која се случи во вторникот утрото во близина на Перник, Република Бугарија, пишува Дојче Веле.

Фирмата „Беса Транс“ имала лиценца за слободен превоз на патници од 2018 година. Согласно законите, секоја фирма која врши слободен превоз е должна да ги пријави возилата кои ќе сообраќаат, како и професионалните возачи кои ќе ги управуваат тие возила. Конкретниот автобус во кој се случи трагедијата, воопшто не бил пријавен. Според досегашните информации, автобусот бил нов и сообраќал во последните три години.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk