logo
logo
logo

„НАЗДРАВИЛ“ ПА ЗАПАЛИЛ - Пијан струмичанец направил пожар во двор и на улица

Vecer | 31.07.2026

„НАЗДРАВИЛ“ ПА ЗАПАЛИЛ - Пијан струмичанец направил пожар во двор и на улица

Жител на село Габрово, струмичко, заврши во полициска станица откако предивикал пожар во дворот, кој се проширил кон улицата. Пожарот бил локализиран од струмичките пожарникари, а во инцидентот нема повредени. 

- На 30.07.2026 во 22:00 часот во село Габрово, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.К..(63) од Струмица, со престој во селото. Полициски службеници го забележале како во неговото дворно место предизвикал пожар, кој се проширил и кон улицата. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, инфомрираа од МВР. 

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а од извршено мерење со дрегер е утврдено дека имал 2,04 промили алкохол во крвта.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk