logo
logo
logo

Нападната медицинска сестра во болницата во Струга

Vecer | 01.03.2024

Нападната медицинска сестра во болницата во Струга

Во Општата болница во Струга вчера била нападната медицинска сестра, сопшти денеска СВР Охрид.

Портпаролот Стефан Димоски информира А.Н. од струшкото село Велешта физички ја нападнал вработената Р.Н.(23) од истото село.

– Вчера во 17 часот и 50 минути во ОВР Струга е пријавено дека во објект во состав на Општата болница во Струга, А.Н. од струшкото село Велешта физички ја нападнал вработената Р.Н.(23) од Велешта. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Димоски.

ОВР Струга, додаде Димоски, поднело кривична пријава против триесет и осум годишен стружанец поради спречување службено лице во вршење на службено дејствие.

– ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.С.(38) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“. На 16 овој месец пријавениот оштетил дел од инвентарот во хируршкото одделение при Општата болница во Струга и агресивно се однесувал кон еден вработен, информира Димоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk