logo
logo
logo

Најмногу активни заразени има во Скопје и Куманово - ЕВЕ ЈА СОСТОЈБАТА ВО СИТЕ ГРАДОВИ

Vecer | 06.05.2021

Најмногу активни заразени има во Скопје и Куманово - ЕВЕ ЈА СОСТОЈБАТА ВО СИТЕ ГРАДОВИ

Вчера беа регистрирани нови 323 случаи на коронавирусот од 2.928 тестирања, 24 починати, меѓу кои и едно 32-годишно лице од Скопје. Министерството за здравство регистрираше и 714 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153 137, на оздравени пациенти е 135 367, на починати 5.016, а бројот на активни случаи изнесува 12 754.

Вкупниот број на пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19 кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во останатите болници низ земјава е 1012, а има околу 750 слободни болнички кревети во ковид-центрите. На инфективните оддели во главниот град се лекуваат вкупно 435 лица сомнителни или потврдени за Ковид-19. На територијата на цела држава во моментов се лекуваат 577 пациенти на инфективните одделенија.

Во моментов во ковид центрите на интерните и на хируршките клиники во Скопје се лекуваат 150 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 128 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 124 пациенти, додека на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 13 пациенти. На Клиниката за детски болести има две деца позитивни на ковид 19 вирусот и две мајки, а на ГАК има три позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 13 болни, соопшти вчера Министерството за здравство.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Во болниците има околу 310 слободни места.

Според податоците на Министерството за здравство, во болницата во Битола се хоспитализирани 72 ковид-пациенти, во Штип се хоспитализирани 62, во Велес се лекуваат 77 болни, во Куманово 68, во Охрид 60, Прилеп 48, во Струмица 60. Во другите градови се помалку од 40.

Од вчера полицискиот час наместо од 21:00 почнува од 23:00 и трае до 05:00 часот.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 67612, активни 5916

Куманово 8607, активни 969

Прилеп 8210, активни 530

Тетово 7136, активни 507

Битола 6186, активни 792

Велес 5423, активни 447

Гостивар 5135, активни 330

Кавадарци 5129, активни 313

Охрид 4932, активни 449

Штип 4910, активни 288

Струмица 4038, активни 243

Струга 2949, активни 153

Кочани 2741, активни 176

Кичево 2488, активни 256

Гевгелија 2179, активни 196

Неготино 2167, активни 174

Свети Николе 1499, активни 103

Ресен 1216, активни 193

Крива Паланка 1210, активни 48

Радовиш 1098, активни 85

Берово 1018, активни 30

Делчево 956, активни 78

Дебар 931, активни 25

Виница 830, активни 115

Пробиштип 775, активни 21

Валандово 661, активни 20

Богданци 492, активни 52

Крушево 484, активни 98

Демир Капија 394, активни 19

Демир Хисар 390, активни 68

Македонски Брод 355, активни 17

Кратово 356, активни 7

Пехчево 264, активни 17

Македонска Каменица 234, активни 14

Дојран 132, активни 5

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk