Како „матни“ настани во ноември, Транспаренси интершенешел-Македонија го виде тоа што: ДКСК одлучи дека незаконски се назначени 4 нови членови на УО на Академијата за судии и јавни обвинители; случајот што ДКСК бара дисциплинска постапка за член на Судскиот совет, зашто барал одговорност за врховни судии за предмет во кој адвокат била неговата сестра; иництијативата на ДКСК за постапка против поранешната министерка за култура Костадиновска-Стојчевска за која утврди дека користела државни пари за приватни цели на службено патување во Британија; Судскиот совет донел одлука на затворена седница да утврдува одговорност за судијата Пајазити и дека градежна инспекторка примала поткуп за да не издава пријава за нелегален објект – поднесена кривична пријава.
1. Државната комисија за спречување на корупција одлучи дека незаконски се назначени 4 нови членови на УО на Академијата за судии и јавни обвинители. Судскиот совет и Советот на јавни обивнители номинираа членови на советите кои доаѓаат од судската и обивнителската фела, но според ДКСК тоа е спротивно на Законот за спречување коруцпија и Законот за академијата, затоа што требало да назначат активни судии и обвинители. Недозволената кумулација на моќ е потенцијален судир на интереси сметаат антикорупционерите кои ќе побараат од двата совета да ги стават вон сила одлуките со кои челновите на Судски совет, Антоанета Димовска и Хаиф Зендели и претседателката на обивнителскиот совет Душица Димитриеска се номинирани за нови членови на Управниот одбор на Академијата.
2. Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поднесе иницијатива до Судскиот совет и до Здружението на судии за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет поради „судир на интереси“ и поради „пристрасност при вршењето на функцијата“. Причина е што тој бил иницијатор да се поведе постапка за утврдување на одговорност на судии во Врховниот суд, кои постапувале во предмет во кој адвокат била неговата сестра. ДКСК констатира дека, пошироко гледано, игнорирањето на судири на интереси на членовите на Судски совет, кои всушност вршат надзор и контрола на работењето на секој судија во државата, создаваат можност од влијание и вршење притисок врз судиите кои постапуваат во постапките каде што членовите на Судскиот совет имаат блиски лица. Со тоа на директен начин се влијае на самостојноста и независноста на судската власт, која треба да ја гарантира токму Судскиот совет. Според ДКСК, членот на Судскиот совет постапил спротивно на членовите 73 и 75 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, со што сторил прекршок, за што Комисијата ќе поведе постапка за издавање прекршочен налог.
3. Поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска користела службени средства за приватни цели при нејзиното службено патување во Велика Британија во периодот од 24 до 27 октомври минатата година. Ова го констатира Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), откако по допрен глас отвори предмет за случајот во август годинава.
4. Судскиот совет на седница донел одлука за постапката за утврдување на одговорност на судијата Пајазит Пајазити, иницијатива која се однесува на постапувањето на судијата за притворот на поранешниот војник на ОВК, државјанин на Косово, Блерим Рамадани. Првата иницијатива за утврдување одговорност кај судијата Пајазити беше отфрлена од советот поради немање доволно докази. Одлуката е донесена на затворена седница и без присуство на новинари.
5. Кумановското јавно обвинителство одреди притвор за градежната инспекторка од Општина Куманово, која беше затекната како прима поткуп. Истрагата е поведена бидејќи осомничената на 1 ноември, во еден ресторан во Куманово, во својство на службено лице – градежен инспектор во Општина Куманово – Сектор за грaдежен инспекциски надзор, побарала и примила подарок за да не изврши службено дејствие што би морала да го изврши со што прибавила поголема имотна корист.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата