Тенденцијата граѓаните главните информации, брзо и точно, да ги добиваат преку информативните интернет портали продолжува. Било вестите за политиката, забавата, спортот, културата, бизнисот... да ги читаат со директен пристап на одбраните портали, преку некој од трите агрегатори за вести како Тајм, Вести или Грид, било како пост добиен на нивните Фејсбук профили или Твитер акаунти - информативсните интеренет портали се главен извор на информации секаде во Европа, па и во Македонија за повеќе од 65% од граѓаните.
Најеминентна и реферeнтна институција во светот која води сметка и објавува податоци и анализи за читаноста на сајтовите е израелско-американската фирма Similarweb.com чии месечни податоци користиме и ние во оваа анализа. Аналаизите на ги користат најголемите светски маркетинг агенции, големите огласувачи, најголемите медиуми во светот, милиони заинтересирани луѓе... Но, најубаво за читателите е што податоците се јавни и секој може да ги добие со впишување на домен за бараниот медиум, па секоја манипулација со податоците, заради лесната пристапност и проверката на податоците е исклучена.
Клучен податок за секој информативен портал, но и маркетинг агенција или компанија која користи објавување свои огласи/реклами на тие портрали е - колку текстови се прочитани во медиумот. Секој нов прочитан текст е нова отворена страна на порталот, бројот на отворени страни/текстови го утврдува рејтингот на медиумот и довербата на јавноста во него дека “има што да се прочита на тој портал“.
Основна цел на медиумот е да му бидат читани објавите за да има доверба и интерес кај читателите, јавно влијание и оправдување за своето постоење.
Во оваа прилика објавуваме кои се најчитаните десет интернет портали според светската платформа Similarweb.com за месец мај 2023 година:
Најчитан портал, со 8,94 милиони отворени текстови/страни во мај 20023 и понатаму е Вечер/Vecer.mk. Вечер има повеќе од дупло прочитани текстови/страни од втропласираниот Инфомакс, и повеќе од десет пати (1.000%) од десетопласираниот портал сдк.мк
Бројот на прочитани страни од читател кој пристапил на порталот Вечер е 5,49 страни кои читателот ги прочитал на порталот откако го отворил Вечер.мк што е двојно повеќе од било кој информативен портал во Македонија. Ова е резултат на стручна новинарска екипа, со искуство и професионална посветеност која е препознаена од читателите и возвратена со доверба дека, кога ќе се отвори порталот Вечер.мк - “има што да се прочита на него“.
Порталите, за да дадат на читателот нешто повеќе од она што му се нашло на агрегаторот за вести или го добил како пост на својот Фејсбук профил, треба да го привлечат да прочита уште некој текст кај нив а не само тој еден што му се појавиул на Фејсбук. А тоа бара многу работа и години докажување за да се стекне доверба кај јавноста дека на тој медиум “има што да се прочита“, па читателот отвара и други објави/текстови откако птреку Фејсбук или агерагтор дошол до некоја вест. Накусо, за сериозна екипа е важно секој посетител да прочита барем 2 до 3 текста на нивиот портал кога веќе го одбрал за информирање.
Кога сме кај агрегаторите на вести во Македонија и довербата преку бројот на прочитани вести кај нив. Три агрегатори: Тајм.мк, Вести.мк и Грид.мк се главни дистрибутери на вести од порталите до читателите. Еве колку вести чита секој што пристапил до некој од тие три агрегатоси, според Similarweb.com :
1.Vesti.mk , кога некој ќе пристапи до овој агрегатор на вести чита 2,86 вести објавени на агрегаторот
2. Time.mk, кога некој ќе пристапи до овој агрегатор на вести чита 2,81 вести објавени на агрегаторот
3. Grid.mk, кога некој ќе пристапи до овој агрегатор на вести чита 2,35 вести објавени на агрегаторот
Оттука може да се види дека сите три агрегатори имаат приближно еднаква доверба кај читателите кои веќе решиле да прегледаат и изберат некој од линковите/насловите на вести од овие агрегатори на вестите, и имаат слична понуда за јваноста.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата