logo
logo
logo

Над 21.000 активни заразени - ЕВЕ КАКВА Е СОСТОЈБАТА ПО ГРАДОВИ

Vecer | 11.04.2021

Над 21.000 активни заразени - ЕВЕ КАКВА Е СОСТОЈБАТА ПО ГРАДОВИ

Согласно вчерашниот извештај на Министерството за здравство, на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава се лекуваат 1.687 пациенти. Вкупно 687 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Има околу 340 празни болнички кревети во ковид центрите.

Од Министерството за здравство информираат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

-Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, соопштија вчера од МЗ.

Благо намалување на бројот на позитивни на коронавирусот се бележи во државава. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 1 092 случаи, од 5 569 тестирани, но и 2003 оздравени. Во меѓувреме, продолжува процесот на имунизација. Се вакцинираат приоритетни групи од т.н. критична инфраструктура – луѓе кои имаат многу контакти во работата и повозрасните лица

Од критичната инфраструктура, вчера со „Спутник В“ се вакцинираа воспитувачките и вработените во градинките и учлиштата, но и пожарникарите, кои, исто така, спаѓаат во приоритетните групи.

Имунизацијата тече и во останатите вакцинални пунктови во земјава со вакцината на Астра Зенека, која ја примаат лицата над 77 години, а во тек е пријавување кај матичните лекари и на граѓани на возраст над 75 години, кои ќе бидат вакцинирани со оваа вакцина.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера преку својот фејсбук-профил апелираше граѓаните да се пријават за вакцинација со цел побрзо надминување на пандемијата предизвикана од коронавирусот.

– Сега е време да придонесеме за побрзо надминување на пандемијата со коронавирусот. Процесот на имунизација е пред нас и само со вакцинација на голем број граѓани ќе успееме да стекнеме колективен имунитет. Пријави се за вакцинација денес. vakcinacija.mk, напиша министерот Филипче на Фејсбук.

Вакцинацијата е еден од начините со кои што можеме да се справуваме со инфективните заразни заболување, посебно со Ковид-19, тврди доц. д-р Мери Киријас од Институтот за имунологија,

Таа вчера во интервју за МИА беше децидна дека во рок од шест месеци по имунизацијата против коронавирусот, може да бидеме сигурни дека постои заштита од Ковид-19, но може да се очекува тој временски период да биде и подолг.

Во однос на забелешките на антиваксерите е дека мРНК-вакцините, во кои спаѓаат оние на „Фајзер“ и „Модерна“ можат да ќе предизвикаат промена на ДНК-та на примателот, д-р Киријас во интервју за МИА вчера појасни дека ваквите тврдења немаат логика и оти тоа биолошки не е можно.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата е 141.157.

Досега здравени се 115.433 пациенти, а починаа вкупно 4.182 лица, а бројот на активни случаи изнесува 21.542.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 62909, активни 10139

Куманово 7599, активни 1257

Прилеп 7583, активни 1061

Тетово 6680, активни 695

Битола 5289, активни 1326

Велес 4976, активни 847

Гостивар 4842, активни 526

Кавадарци 4806, активни 624

Штип 4553, активни 492

Охрид 4516, активни 831

Струмица 3601, активни 522

Струга 2803, активни 241

Кочани 2452, активни 305

Кичево 2226, активни 318

Неготино 2051, активни 279

Гевгелија 2029, активни 419

Свети Николе 1363, активни 141

Крива Паланка 1142, активни 99

Ресен 1129, активни 242

Радовиш 1000, активни 155

Берово 939, активни 131

Делчево 894, активни 97

Дебар 888, активни 63

Пробиштип 733, активни 79

Виница 684, активни 102

Валандово 589, активни 100

Крушево 449, активни 122

Богданци 444, активни 76

Демир Капија 385, активни 60

Демир Хисар 347, активни 55

Кратово 342, активни 28

Македонски Брод 331, активни 49

Пехчево 241, активни 25

Македонска Каменица 216, активни 14

Дојран 126, активни 22

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk