logo
logo
logo

Над 100 стари и немоќни лица во Кавадарци ќе бидат помагани од општината

Vecer | 07.04.2021

Над 100 стари и немоќни лица во Кавадарци ќе бидат помагани од општината

Општина Кавадарци најави нов проект за помош на лица претежно од постарата категорија, или лица кои не можат сами да ги извршат потребните дневни функции за социјалано живеење, при што општината ќе организира сервис да им се помогне во секојдневните потреби поврзани за набавка на лекови и основни продукти, одржување на домот и хигиената и слично.

Според проценките оваа услуга ќе ја користат околу 100 лица.

За таа цел, според изјава на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, добиен е грант од Министерството за труд и социјална политика во износ од 11 милиони денари. Средства од 2 милиони денари ќе се користат во период од 2 месеци, а останатите 9 милиони денари во наредните 12 месеци.

Услугата ќе се врши преку локалната организација на Црвениот крст, а за таа цел ќе се набават возило и целосно потребните здравствени помагала и инструменти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk