logo
logo
logo

На Пендиков не му било убаво што ДОБИВАЛ ЗАКАНИ И ПЦОВКИ НА ФЕЈСБУК

Vecer | 31.05.2023

На Пендиков не му било убаво што ДОБИВАЛ ЗАКАНИ И ПЦОВКИ НА ФЕЈСБУК

Имам се уште прегледи што ми следуваат заради тоа што имам два пукнати пршлени и се надевам дека ќе можам да патувам на 12-ти јули. Сакам да го остварам моето право и да присуствувам, рече Христијан Пендиков кој денеска прв пат се врати во Охрид по тепачката и откако беше награден во Бугарија.

Беше запрашан дали стравува за тоа што во моментов се наоѓа во Охрид, на што одговори:

-Лично не се плашам што сум во Охрид, но не е убаво чувството да добивате по 20-30 смртни закани и пцуење на Фејсбук, Месинџер и на се што може да постои и да се чита по коментари, кажа кратко Пендиков.

Христијан Пендиков, македонски граѓанин со бугарска самосвест, е и секретар на сега згаснатиот бугарскиот клуб „Цар Борис“ Според обвинението, напаѓачот Илија Спасески, поради омраза по национална и етничка линија, го натепал Пендиков.

Охридското Обвинителството поднесе обвинителен предлог против едно од лицата за кои се смета дека го претепаа секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис“ во Охрид, Христијан Пендиков. Тој се бранел со молчење во текот на истражната постапка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk