logo
logo
logo

На ГП „Ќафасан” спречен шверц на лекови

Vecer | 10.01.2025

На ГП „Ќафасан” спречен шверц на лекови

На граничниот премин „Ќафасан”, кај Струга, албанската полиција спречила шверц на лекови од македонска територија и уапсила жител на Поградец.

-Граничната полиција на преминот „Ќафасан” уапси 31-годишен маж, идентификуван како Фатјон Вешо, кој се обиде да прошверцува од македонска на албанска територија лиценцирана стока, која ја сокрил во возило, стои во полициското соопштение.

Се додава дека при детален преглед на возилото откриени биле пакувања со лекови за чиј увоз е потребна посебна дозвола. Уапсениот се обидел да ги внесе во Албанија без да ги пријави, спротивно на важечките закони.

Приведениот Ф.В. ќе одговара за сторено кривично дело „Криумчарење лиценцирана стока“, пред Основниот суд од општа надлежност Корча.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk