Клиничката болница, медицинскиот факултет и студентскиот дом во Штип ќе се градат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Тој рече дека веќе се собрани понуди за трите проекти од светски реномирани финансиски институции.
-Така што следната недела има состанок со министерката за финансии, а потоа заеднички состанок и со министерот за здравство и очекувам како дел од онаа стратешка соработка со Велика Британија и овој процес конечно да почне да се движи, бидејќи има некои законски норми коишто мораше да бидат завршени и очекувам дека сето тоа ќе биде ставено на шини и ќе можеме многу скоро денеска да сведочиме на рестартирање на изградбата на овие објекти, од почеток, но и она коешто треба да биде продолжено- рече Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата