logo
logo
logo

На „Деве Баир“ лишен од слобода турски државјанин – покажал две фалсификувани зелени карти за товарно возило и полуприколка

Vecer | 20.10.2024

На „Деве Баир“ лишен од слобода турски државјанин – покажал две фалсификувани зелени карти за товарно возило и полуприколка

На Граничниот премин Деве Баир, на излез од државата, денеска во 02.20 часот полициски службеници го лишиле од слобода А.Ч.(43) од Република Турција поради тоа што приложил две фалсификувани зелени карти за товарно возило „ДАФ“ и полуприколка „Тирсан“ со турски национални ознаки, кои ги управувал.

Од МВР соопштија дека при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека А.Ч. приложил две фалсификувани зелени карти за товарно возило „ДАФ“ и полуприколка „Тирсан“ со турски национални ознаки.

Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk