logo
logo
logo

НА БРЗАТА ПОМОШ И ТРЕБА ПОМОШ: Скопје има само 7 екипи

Vecer | 19.04.2021

НА БРЗАТА ПОМОШ И ТРЕБА ПОМОШ: Скопје има само 7 екипи

Ниту пандемијата не беше причина за надлежните да набават повеќе амбулантни возила. Иако поради коронавирусот Брзата помош има повеќе зголемен обем на работа и потреба од повеќе возила, сепак тоа не ги разбуди властите да го решат овој проблем

Само седум екипи има во Скопје, а поради тоа многу граѓани чекаат со часови да се ослободи екипа и да им помогне.

Дека има само 7 екипи потврдува и доктор Милица Бубало, раководителка на службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Скопје.

Таа за Слободен печат вели дека во јануари добиле дозвола од Министерството за здравство за нови вработувања во службата, но дозвола од Министерството за финансии уште немаат.

Додека министерствата споро ги процесуираат овие барања, граѓаните чекаат. Во одреден период се случува да има 12 покани за ковид-пациент и иако седум екипи се веќе на терен, другите пет пациенти се ставени на чекање. Тоа што Брзата помош нема доволно луѓе во време на пандемија е причина и граѓаните да не можат да ги викнат да им дадат инфузија дома и мора да се обратат во приватна служба и да платат од џеб за услугата.

– Ако бараат инфузија на своја рака, не сме должни да им аплицираме инфузија на ковид позитивните пациенти зашто ниеден од колегите не ординира таква терапија по правило. Ние во моментот немаме доволно екипи. И на почетокот ставот на колегите е ампуларната терапија да се ограничи на болнички услови. За дома има таблетарна терапија, рече таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk