logo
logo
logo

На Боки МУ ОСТАНАЛЕ 10% ОД ЖЕЛУДНИКОТ, го третирале како терорист, тврди неговиот татко

Vecer | 19.09.2023

На Боки МУ ОСТАНАЛЕ 10% ОД ЖЕЛУДНИКОТ, го третирале како терорист, тврди неговиот татко

Таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13 осуден за случајот Рекет вели дека здравјето на неговиот син не е добро и му останале само речиси десет проценти од желудникот, а има и други здравствени проблеми.

Владата го третира како да е најголемиот терорист во историјата. Катастрофа, тоа е страшна тортура. Тој нема услови во затвор. Треба да јаде по малку 8, 9 пати на ден. Бара да му се прекине казната, но тоа не го добива ни за да се опорави барем малку. Бојан е инвалид на кој му треба помош, изјави Миле Јовановски.

Додал дека кога Бојан бил уапсен, многу луѓе го оставиле и дека бил осуден без докази.

Според српскиот медиум, таткото на Боки 13 се расплакал на крајот од интервјуто и им порачал на луѓето кои се уште го сакаат и поддржуваат неговиот син, дека Бојан ќе се врати од затвор како нов човек.

-Тој сè уште ја сака музиката до ден-денес. Уште како дете почна да се занимава со водителство. Се гледаше дека беше шоумен, имаше 10, 11 години. На 13 години ја донесе Руслана. Соседите го поздравуваа, сите го фалат, го охрабруваат да издржи. На луѓето кои го сакаат би им рекол да „очекуваат нов Бојан“, порачал Миле Јовановски.

Во 2020 година, Боки-13 доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари. Истрагата за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска ја отвори на 15 јули 2019, година, кога беше уапсен и Јовановски, кој од тогаш се наоѓа во притвор во затворот во Шутка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk