logo
logo
logo

МЗ потврди: Има жртви во пожарот во модуларната болница – Тетово, ТОЧНИОТ БРОЈ се утврдува

Vecer | 08.09.2021

МЗ потврди: Има жртви во пожарот во модуларната болница – Тетово, ТОЧНИОТ БРОЈ се утврдува

Во пожарот што го зафати вечерва Ковид центарот во Тетово има жртви, соопшти вечерва Министерството за здравство (МЗ).

-Министерството за здравство информира дека вечерва страотна несреќа се случи во Тетово каде има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов, наведува Министерството.

Пожарот, како што велат од МЗ, е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Повредените лица итно се транспортираат во Скопје за да им се пружи соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани.

Министерот за здравство Венко Филипче е во Тетово, а по завршување на увидот, од Министерството велат дека ќе информираат за фактичката состојба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk