logo
logo
logo

Заев и министрите од Скопје до Прилеп со хеликоптер - МВР вели дека вака се исполнуваат часовите за летање

Vecer | 02.04.2021

Заев и министрите од Скопје до Прилеп со хеликоптер - МВР вели дека вака се исполнуваат часовите за летање

Премиерот Зоран Заев и министрите денеска летаа со хеликоптер до Прилеп и назад во Скопје за да се исполнат часовите за летање, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), објави Телма.

„Премиерот Зоран Заев и министрите Јагода Шахпаска и Венко Филипче летаа со хеликоптер на релација Скопје-Прилеп, а на повратна линија до Скопје леташе премиерот со министрите Благој Бочварски и Венко Филипче. Но, тоа е во рамки на обврските за задолжително исполнување на работните месечни часови за летање согласно стандардите за пилотите. Целта на летот беше на владините претставници да им се овозможи навреме да се вратат од терен во Скопје за да продолжат со кабинетските обврски“, информираат од МВР.

Претходно, пак, на прашањето на Плусинфо зошто денеска бил користен хеликоптерот, Владата одговори дека премиерот и министрите на тој начин заштедиле време.

„Причината за користење на ова превозно средство е поврзана со обврските и агендите на премиерот и министрите и потребата од рационализација на времето, со цел секој од нив на време да ги заврши планираните теренски обврски и на време да може да се врати во Скопје за редовните владини и кабинетски обврски. Денешните летови се во рамки на обврските за задолжително исполнување работни месечни часови кои согласно стандардите важат и за пилотите и за леталата“, велат од Владата.

Многу критики денеска пристигнаа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која обвини дека премиерот и министрите со пари на граѓаните отишле на настан со хеликоптер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk