logo
logo
logo

МВР со детали за пукањето во Арачиново – eдно лице повредено!

Vecer | 23.10.2024

МВР со детали за пукањето во Арачиново – eдно лице повредено!

На 22.10.2024 во 20.50 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Ќ.Д.(42) од с.Арачиново-скопско со повреди од огнено оружје во пределот на десната нога,информираат од МВР.

Синоќа имаше пукање во Арачиново. Според МВР повредено е лице пред неговиот дом.

Од страна на полициски службеници излезено било на местото на настанот и констатирано било дека околу 20.00 часот Ќ.Д. од едно лице бил повикан да излезе пред вратата од неговата куќа, по што лицето пукало кон него. На местото на настанот биле пронајдени две чаури од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk