logo
logo
logo

МВР за вчерашниот настан: СНИМАЛЕ СО ДРОН БЕЗ ДА НАЈАВАТ, по извршените разговори сите лица ослободени

Vecer | 19.03.2025

МВР за вчерашниот настан: СНИМАЛЕ СО ДРОН БЕЗ ДА НАЈАВАТ, по извршените разговори сите лица ослободени

МВР денеска излезе со детали за вчера повиканите лица на разговор за летањето на дронови, откако неколку медиуми објавија дека новинари биле повикани заради дроновите.

МВР наведува дека истите немале најавено дека ќе летаат дрон.

На 18.03.2025 во Полициската станица Центар во Скопје бил извршен службен разговор со С.М.(34) од Сопиште, скопско, Ј.С.(24) од Кочани, Е.Ш.(43) од Скопје, Ј.П.(28) од Скопје, М.Д.(45) од Скопје, М.Ј.(36) од с.Гершиан, битолско и М.Ѓ.(51) од Република Србија. За време на јавниот собир на Плоштад „Македонија“ во Скопје тие биле затекнати како управуваат дронови без претходно да ја најават активноста.

Исто така, во 19.00 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го привеле А.Д.(38) од Република Бугарија затоа што бил затекнат како управува и снима со дрон без соодветно одобрени од надлежна установа.

По извршените разговори сите лица биле ослободени, велат од МВР

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk