logo
logo
logo

Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле

Vecer | 03.10.2024

Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле

Кај 66-годишен пензионер во Козле пронајдени рачна бомба, ТНТ експлозив и запалка, 181 куршум за автоматски пушки и митралези, како и сачми, барут и два алати за изработка на ловна муниција.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 66-годишен пензионер, во својот дом во Козле, неовластено држел муниција и експлозивна материја кои на граѓаните им се забранети – една рачна бомба полнета со 100 гр. ТНТ експлозив и запалка, 181 куршуми боева муниција со различен калибар наменети за автоматски пушки и тешки митралези, шест тегли со сачми со различна големина на оловни проектили со вкупна маса од околу 2.800 грама, четири најлонски ќеси со барут и два алати за изработка на ловна муниција.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомничениот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk