logo
logo
logo

Муцунски: Власта мисли дека сме Шведска, а обвинителството молчи за корупцијата на власта

Vecer | 26.05.2021

Муцунски: Власта мисли дека сме Шведска, а обвинителството молчи за корупцијата на власта

Имаме секојдневни скандали, нема недела да нема корупциски скандал,  а за се тоа истражните органи молчат, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во „Што не е јасно“ на Алфа.

Муцунски потенцира дека секоја недела има некој ваков вид на застрашувачки скандал во нашето општество, корупција од највисоко политичко ниво и постојано истите луѓе ги гледаме дека се вмешани.

- Тоа што исто така еден дополнителен тренд е да имаме тренд на секојдневни корупциски скандали кои што се финансиски во обем кои што за нашите граѓани се незамисливи, за цел живот да ги заработат, а некој можеби за еден ден ги заработил тие средства, е степенот до кој што нема одговорност за сите овие скандали, а истовремено е загрижувачки фактот што овие скандали најчесто ги објавува опозицијата или некогаш одредени медиуми. А, од власта, од истражните органи, од тие што имаат одговорност да се борат против високата корупција има само молк, рече Муцунски.

Муцунски посочи дека според власта Македонија е Шведска, молчат за криминалот и корупцијата, мислат дека граѓаните не забележуваат ништо и додава дека  најголемиот проблем е очигледната спрега помеѓу политичкото лидерство и системот на јавно обвинителство, односно и целото правосудство и одредени судии во системот.

- Што се случува? И денешниот пример, односно тоа што го гледаме од доказите кои што беа приложени имаме фактичка ситуација во која што е очигледно дека во рамките на таа спрега помеѓу МВР и ЈО имало промена на записник и промена на имиња во записник. И постојано има еден тренд со некој нов скандал има надеж од системот дека ќе се заборави претходниот скандал. Не за џабе, не само што ние зборуваме како опозиција, не само што критичките медиуми кажуваат, и граѓаните го чувствуваат сета таа неправда и сета таа корупција. Но, најрелевантните меѓународни институции ни кажуваат на тоа дека Македонија е корумпирана земја, појасни Муцунски.

Муцунски додаде дека Македонија никогаш до сега не била толку лошо рангирана според меѓународните институции како сега од кога СДСМ и Заев се на власт.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk