logo
logo
logo

Муцунски: Со поставување на фотоволтаици во сите 8 основни училишта ќе се зголеми енергетската ефикасност

Vecer | 26.11.2021

Муцунски: Со поставување на фотоволтаици во сите 8 основни училишта ќе се зголеми енергетската ефикасност

Интегрален текст од изјава на Тимчо Муцунски, градоначалник на општина Аеродром.

Денес почнуваме со реализација на еден одличен проект. Се поставуваат фото-волтаици во сите осум основни училишта на територијата на општина Аеродром. Ќе помогнат за зголемена енергетска ефикасност, ќе помогнат и да се снабдуваат со електрична енергија, како и дел од градинките во општина Аеродром.

Имаме намера да продолжиме со реализација на овој проект, да ги опфати сите градинки во иден период, но исто така и на други јавни објекти кои планираме да ги градиме на територија на општина Аеродром, а кои се од капитално значење.

Истовремено, би сакал да ви кажам дека претходната недела потпишавме договор со Европската унија, проект вреден над 800.000 евра во делот на селекција на отпад каде што очекуваме дека Аеродром ќе стане пионер во областа на селекција на отпад и тоа е секако поддржано од страна на Европската унија.

 

Што значи дека, сериозно работиме на реализација на проекти кои што се поврзани со заштита на животната средина, користење на обновливи извори на енергија и во таа насока да ја направиме Аеродром модерна општина како што заслужува да биде.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk