Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски денеска беше на средба со граѓаните на Горно Лисиче. На средбата Тимчо Муцунски ја промовираше својата програма и беше зборувано за реалните проблеми на Лисичани, кои со години не се решаваат.
-Како градоначалник на Општина Аеродром, се обврзувам дека ќе ги решам проблемите на сите вас во Горно Лисиче. Во нашата програма, предвидовме проекти и решенија кои што се клучни за вас овде. Ќе поставиме осветлување на патот од Горно Лисиче до Долно Лисиче, ќе ги до доизградиме и асфалтираме улиците онаму каде што е потребно, ќе го решиме просторот за депонирање на кабаст отпад, рече тој.
Муцунски истакна дека Маркова река ќе биде вистинско место за уживање, ќе има кеј, стази за велосипеди и трим патека, и ќе се прошири мостот накај Долно Лисиче.
- Гордоста на Горно Лисиче, Илинденскиот марш ќе биде под покровителство на општината. Ветуваме и ве уверуваме дека ќе изградиме ново детско и кошаркарско игралиште во близина на фудбалското, а ќе изградиме и административно деловен објект – задруга. Она што е многу важно за Лисичани, е дека ќе изработиме ДУП за Горно Лисиче, изјави Тимчо Муцунски.
Тимчо Муцунски во својата програма вети дека Аеродром ќе биде општина со 0 корупција и 0 дополнителен трошок за семејствата за градинка и основно училиште, како и дека Аеродром ќе има нови 100.000 м2 зеленило. Како главен приорите ќе биде и загадувањето, и најави решение со дивите депонии во првите месеци по стапување на функција.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата