logo
logo
logo

МОНСТРУМ од Орешани УБИ ДВА ШТРКА, мртви лежат под нивното гнездо

Vecer | 24.07.2021

МОНСТРУМ од Орешани УБИ ДВА ШТРКА, мртви лежат под нивното гнездо

Се почесто сме сведоци на монструозно постапување со недолжни суштества. Најновата случка која ја шокираше и ја згрози македонската јавност е за убиените штркови во скопско Орешани, Зелениково. Тажна е глетката на нивните тела кои лежат во близина на нивното гнездо, каде најверојатно има и  малечки.

Штрковите, како што објави порталот Скопје инфо, се препознатлив знак за ова село, а нивните гнезда може да се видат кога се патува со воз од Скопје кон Велес, Битола или Гевгелија.

На некого му пречеле овие прекрасни птици, кои не прават ни врева ниту штета на луѓето, се хранат со жаби, змии и риби и се чистачи на човековата околина.

Останува прашањето дали МВР ќе преземе нешто за да се открие виновникот со оглед на тоа што мачење на животни е уредено во Кривичниот Закон на Република Македонија, поточно во членот 233.

Член 233

(1) Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk