logo
logo
logo

МНР очекува ДА СЕ ЗАБРАНИ ВЛЕЗ НА ЏАМБАСКИ, ќе се жалат и во Европски Парламент за заканите

Vecer | 25.01.2023

МНР очекува ДА СЕ ЗАБРАНИ ВЛЕЗ НА ЏАМБАСКИ, ќе се жалат и во Европски Парламент за заканите

Министерството за надворешни работи уште еднаш остро реагираше со осуда за изјавите на европратеникот Џамбаски за што по дипломатски пат го известува и Министерството за надворешни работи на Бугарија, соопштија денеска од МНР

Во овој случај, Министерството ќе препорача и на Претседателот да реагира соодветно до својот колега, претседателот Радев, а за ова однесување известување и барање за оградување ќе биде побарано и од Претседателот на Европскиот парламент, велат тие.

Тие потенцираат дека заканите, изјавите за закани, најавите се прашање со кое се занимаваат безбедносните органи.

- Очекуваме тие сериозно да ги земат предвид последните изјави на Џамбаски и да донесат соодветна одлука за негов ограничен пристап во земјава, велат од МНР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk