logo
logo
logo

Млад маж го загуби животот во несреќа на градилиште во Скопје

Vecer | 13.12.2024

Млад маж го загуби животот во несреќа на градилиште во Скопје

Во четвртокот (12.12.2024) во 10.50 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 23-годишниот М.О. од Скопје, кој околу 20.20 часот починал.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од објект во изградба на подрачјето на Бит пазар, каде што бил да однесе јадење на неговиот татко, кој работел на објектот.

За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршиле увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk