logo
logo
logo

Мизрахи побара од Заев јавно да го прочита предлогот преговаран во Софија

Vecer | 24.06.2021

Мизрахи побара од Заев јавно да го прочита предлогот преговаран во Софија


Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, на денешните пратенички прашања во Собранието, истакна дека по милиони пати повторени изјави од страна на премиерот Зоран Заев дека Преспанскиот договор ни го гарантирал членството во ЕУ, датум нема, а, како што кажа, во тек се преговори за идентитските прашања.

„Не очекував денес ниту да ве видам во Собранието. Освен можеби во архивата каде што би ја поднеле својата оставка. Вие пред цела Македонија и сите нејзини граѓани изјавувавте во милион наврати: Преспанскиот договор ни гарантира членство во ЕУ! Референдум под наслов ‘За Европска Македонија’ и цела кампања базирана на истото. Но, после почна пандорината кутија која вие ја отворивте со друг сосед, Бугарија, за што ви беше кажано и повторувано и повторувано милион пати. И не послушавте сè додека не ја заглавивте нашата европска иднина целосно“, критикуваше пратеничката Мизрахи.

Таа рече дека Заев продолжил со разговори за она за кое ниту еден народ не ни дискутира, идентитет и јазик.

„И не кажувајте повторно дека тоа се лаги, конструкции и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ, веќе цела македонска јавност знае дека тоа е целата вистина“, нагласи Мизрахи.

Претеничката воедно побара од премиерот пред очите на македонската јавност да го прочита Предлогот со кој преговарал во Софија.

„Барам од вас овде во Собранието, пред очите на целата македонска јавност, да го прочитате, ама да го прочитате, а не парафразирате во светкав говор како што знаете, предлогот со кој отидовте да преговарате минатата недела во Софија. Барем еднаш обидете се да одговорите со вистината, со лаги не сте ни добар политичар, ниту пак добар човек“, критикуваше Мизрахи.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk