logo
logo
logo

Мизрахи:

„Кога во Собрание одбија да се разговара за настаните во Тетово, власта изгласа закон во кој има член за легализација на марихуана“

Vecer | 16.09.2021

„Кога во Собрание одбија да се разговара за настаните во Тетово, власта изгласа закон во кој има член за легализација на марихуана“

Истиот ден кога се бараше да се разговара во Собрание за настаните во Тетово не беше ставена на дневен ред да се разговара за одлуката, меѓутоа во областа на здравството се стави да се дискутира за Закон за лекови за кој сите пратеници од власта гласаа „за“ затоа што во него има член кој легализира марихуана, изјави пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи во „Тема на денот“ во дневникот на Сител.

Таа истакна дека парите на премиерот и на одредени извршни играчи во извршната власт се побитни отколку 14 животи чии семејства плачат.

Мизрахи посочи дека покрај тоа што Заев одбива да ја поднесе оставката на Филипче во Собрание, Џафери одби да разговара и за поднесеното барање на ВМРО-ДПМНЕ за оставка на министерот за здравство.

Ние поднесовме одлука за разрешување на Венко Филипче, но Џафери одби да се разговара за истата

- Не може да дискутираме за држава кога се нема одговорност. Според деловникот на Собранието, член 219 и член 220 каде се вели дека владата, претседателот на владата или член на владата може да поднесат оставка. Оставката на член на владата до Собранието се поднесува преку претседателот на владата, но таа не е поднесена. Само диктатор може да реши како ќе постапува за поднесена оставка и да оди против уставот и деловникот на  собранието, мандатот на министрите го дава Собранието, потенцираше Мизрахи.

Таа нагласи дека ова што се случи е  последица на се она што се случува од сам почеток од неорганизираниот настап на власта во време на пандемија

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk