logo
logo
logo

Мицкоски: Започна со работа „Магна Мехатроникс“, ИНВЕСТИЦИЈА ОД 40 МИЛИОНИ ЕВРА И 600 ВРАБОТУВАЊА

Vecer | 02.04.2025

Мицкоски: Започна со работа „Магна Мехатроникс“, ИНВЕСТИЦИЈА ОД 40 МИЛИОНИ ЕВРА И 600 ВРАБОТУВАЊА

Денес е посебен ден за сите граѓани кои посакуваат економски раст, стабилност и можности за напредок. Со особена чест и гордост сме собрани тука за да го одбележиме официјалниот почеток на новата фабрика, инвестицијата на „Магна Мехатроникс“ – што ќе биде силен акцелератор на економскиот развој и позитивните промени што ги создаваме во нашата држава, изјави премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на фабриката

Оваа инвестиција не е само капитален проект, туку вистинска приказна за доверба, партнерство и заедничка визија. Се простира на 18.000 метри квадратни, за што ќе бидат инвестирани околу 40 милиони евра и од презентацијата на претходните говорници можеме да заклучиме дека ќе бидат вработени во самиот пик на инвестицијата повеќе од 600тина лица.

Благодарение на оваа фабрика, се отвораат нови работни места, се зголемува индустриското производство и се зајакнува економијата.

Нашата земја ја покажува својата подготвеност да биде дом на успешни и конкурентни компании, кои не само што произведуваат, туку и создаваат вредности што ќе се чувствуваат низ генерациите.

Како Влада, остануваме посветени на создавање поволна деловна клима, транспарентни услови за инвестиции и поддршка за секој стопанственик кој има визија да вложува и да расте овде.

Работиме напорно на подобрување на инфраструктурата, реформи во образованието и создавање квалификувана работна сила што ќе ги задоволи потребите на модерната индустрија.

Како македонска влада имавме два успешни би рекол економски квартали, тоа беше третиот и четвртиот квартал од минатата година. За прв пат после подолго време во третиот квартал забележавме раст на бруто домашниот производ од 3%, а во четвртиот квартал дури отидовме и чекор повеќе 3,2% со што се вбројуваме во тие квартали во сме пет најбрзорастечки економии во Европа.

Очекувам тој тренд да продолжи и во овој прв квартал од оваа година. Од она што можеме да заклучиме, расте просечната плата, имаме и зголемување на пензиите. Правиме се од една руинирана состојба како што ја затекнавме да направиме економија којашто ќе биде конкурентна со европските и светските економии.

Сакам да се заблагодарам на инвеститорите кои ја препознаа нашата земја како место со потенцијал и можности.

Ви благодарам што им верувате на нашите работници, на нашата економија и на нашата заедница.

Ви благодарам што со оваа фабрика носите развој, иновации и подобар живот за многу семејства.

Ова е само почеток на една успешна приказна. Уверен сум дека оваа фабрика ќе биде доказ дека тука, кај нас може да биде конкурентен и привлечен секој еден инвеститор којшто ќе развива инвестиции и производство.

Со ова, со огромна чест и задоволство, ја прогласувам оваа нова фабрика за отворена! За мене претставува исклучително важна затоа што на факултетот токму тоа што денес тука ќе се произведува, јас го предавам на младите студенти и оние генерации коишто доаѓаат, а тоа е механтрониката. Затоа да заклучам, нека носи успех, просперитет и напредок за сите!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk