logo
logo
logo

МИЦКОСКИ ЗА НАЈТЕШКИОТ ДЕН: Логично е како човек да реагирате и да се создадат големи емоции, но требаше да се носат одлуки за Кочани

Vecer | 12.05.2025

МИЦКОСКИ ЗА НАЈТЕШКИОТ ДЕН: Логично е како човек да реагирате и да се создадат големи емоции, но требаше да се носат одлуки за Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски на Самитот „Македонија 2025“, запрашан за најтешкиот ден во животот проговори за трагедијата во Кочани, вели дека тоа е  трагичниот 16 март, кога во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 62 млади луѓе.

- Во политичка смисла беше оној ужасен настан кој се случи во Кочани. Најтешкиот ден во мојот живот. Се сеќавам тоа утро некаде три ипол беше кога човек тропаше на врата во мојот дом, тоа беше човек од обезбедувањето на министерот за внатрешни работи, бидејќи не го гледав телефонот. Веднаш се соземав и прво што направив ги повикав луѓето од мојот тим да се упатиме во Кочани, некаде 5 часот наутро пристигнавме. Таму беше веќе министерот за внатрешни работи, бевме потоа и во полициската станица. Се сеќавам дека во целата таа ситуација логично е како човек да реагирате и да се создадат големи емоции, но треба да се носат одлуки, изјави Мицкоски.

Премиерот посочи дека доаѓаше помош од секаде, посебно од регионот.

- Знаете ние за жал немаме брилијантни односи со соседите, би рекол со еден од соседите и тогаш кога треба да носите одлука, треба да водите сметка за сите последици кои што можат да настанат. А од друга страна дел од медицинските лица ви велат, пациенти во така тешка состојба не се за транспортирање. На моето прашање добро што ни е опцијата, ни рекоа опцијата е ние да ги негуваме, и најверојатно ќе имаме и други жртви од денеска, бидејќи првите 72 часа се најкритични, вели премиерот Мицкоски.

Премиерот додаде дека ја прифатил помошта од соседите, за веднаш да се транспортираат повредените, а потоа помошта почнала да стигнува и од другите земји.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk