logo
logo
logo

Мицкоски: Вратата на ВМРО-ДПМНЕ широко отворена и за Левица и за сите други граѓани и партии

Vecer | 20.10.2021

Мицкоски: Вратата на ВМРО-ДПМНЕ  широко отворена и за Левица и за сите други  граѓани и партии

Јас ја отворив широко вратата и на ВМРО -ДПМНЕ и на Коалицијата „Обнова за Македонија“. Секој оној кој сака да види една напредна, чесна, честита Македонија, во која ќе има напредна економија, во која нема да броиме починати од Ковид, нивното место е овде. Со политичари кои ја направија Македонија најкорумпирана, со најмногу починати од Ковид, тоа се регресивни политичари затоа ги повикувам сите без разлика дали се леви, десни, конзервативни, центар, либерални да ни се придружат во овој нов блок за Македонија за сите луѓе“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешната изјава.

Мицкоски информираше дека е подадена рака и кон Левица и оти остава тие да одлучат.

„Нашата рака е подадена, оставам тие да изберат каква сакаат соработка со блокот дали тоа ќе биде во рамки на формална коалиција, дали ќе ги поддржат кандидатите, оставам нека одлучат тие. Протесните гласови, гласовите против коалицијата на власт се во поголем број и се најмалку два пати поголеми од оние кои ја поддржуваат коалицијата на СДСМ. Затоа местото на гласачите на Левица е во најголемата коалиција и ги повикувам да дадат поддршка за да ја направиме Македонија пристојно место за живеење“, рече Мицкоски.

Тој рече дека во текот на вчерашниот ден разговарал со Африм Гаши и го поканил да биде дел од новото мнозинство во општините каде ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата имаат мнозинство.

„Утре ќе се видам и со Зијадин Села. Дополнително ги повикувам сите да се приклучат во оваа најголема коалиција и да работиме со и за народот“, рече Мицкоски.

Според него мора да се врати енергијата кон народот, а тоа може како што рече само со работа и без корупција.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk